Објавен првиот заеднички портрет на војводата и војвотката од Кембриџ

од Vladimir Zorba

Првиот заеднички портрет на војводата и војвотката од Кембриџ, принцот Вилијам и Кејт Милдтон, е изложен во музејот Фицвилијам, на Универзитетот во Кембриџ.

Автор на портретот е наградуваниот британски портретист Џејми Корет.

Ова уметничко дело беше нарачано минатата година од страна на Royal Portraits Fund од Кембриџшир како подарок за жителите на округот.

„Најнеобичната привилегија во мојот живот“, изјави авторот на портретот Корет.

Кралската двојка го посети музејот Фицвилијам на денот кога портретот првпат и беше откриен на јавноста.

По тој повод се сретнале со авторот Корет.

Уметникот ги користел тоновите и боите на многу историски камени градби во градот Кембриџ за позадината на портретот.

Тоа го надополни со шестоаголни архитектонски мотиви кои можат да се забележат на фасадите на зградите низ градот.

Со користење на овие елементи сакал да му оддаде почит на овој град.

Додека сликата е изложена во музејот, Фондот за кралски портрети сака да ги поттикне децата и младите од областа да се интересираат за уметноста.

Желбата на авторот била кралската двојка да ја претстави како „опуштена и пристапна, а во исто време и како „елегантна и достоинствена“.

„Бидејќи ова е нивниот прв заеднички портрет, особено во време кога ги имаат титулите на војводата и војвотката од Кембриџ, сакав сликата да предизвика чувство на рамнотежа меѓу нивниот јавен и приватен живот“, објасни Корет.

Првиот официјален портрет на принцот Вилијам беше насликан во 2014 година од уметникот Ден Ливелин Хол, роден во Кардиф.

Една година претходно ја насликал кралицата Елизабета Втора и со тоа официјално станал најмладата личност што ја насликал.

Слични содржини