Објавен список на оружје што ѝ е потребно на Украина за да стави крај на војната

од Stefanija Kuzmanovska

Советникот на украинскиот претседател Владимир Зеленски, Михајло Подољак, денеска објави список на оружје кое, како што тврди, ѝ е потребно на Украина за да ја заврши војната.

„Ќе бидам директен – ни треба тешко вооружување за да ја завршиме војната: 1.000 хаубици од 155 милиметри, 300 повеќецевни фрлачи (MLRS), 500 тенкови, 2.000 оклопни возила и 1.000 беспилотни летала“, напиша Подољак на Твитер.

Подољак најави дека во среда на 15 јуни во Брисел ќе се одржи состанок на Контакт групата на министри за одбрана и дека Украина „чека одлука“.

Слични содржини