Објавен списокот на патници од авионот што се урна: Освен Пригожин, на списокот е и неговата десна рака

од Radmila Tasevska

Руската Федерална агенција за воздушен транспорт го објави списокот на патници кои се наоѓале во авионот.

Шефот на руската паравоена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, загинал денеска откако приватен авион се урна во руската област Твер.

Прво беше потврдено дека Пригожин е на списокот на патници, а потоа и дека тој бил во авионот.

Освен Пригожин, во авионот што денеска се урна, требаше да има уште шест патници и тројца членови на екипажот. Досега се пронајдени осум тела.

Руската Федерална агенција за воздушен транспорт го објави списокот на патници кои се наоѓале во споменатиот авион.

Станува збор за Пропустин Сергеј, Макаријан Евгениј, Тотмин Александар, Чекалов Валери, Уткин Дмитриј, Матушев Николај и Евгениј Пригожин.

Меѓу членовите на екипажот беа пилотот Левшин Алексеј, копилотот Каримов Рустам и стјуардесата Кристина Распопова.

Слични содржини