Објавен временскиот курс кој покажува што се случило со авионот на „Рајанер“ (МАПА)

од Stefanija Kuzmanovska

Акцијата на белоруските власти, кои го принудија авионот со новинарот Роман Проташевиќ присилно да отстапи од својот пат и да слета во Минск, драматично ја смени состојбата на воздушниот сообраќај над таа земја.

Имено, веднаш штом се дозна дека властите во Минск лажно пријавиле дека има бомба во авионот „Рајанер“ кој летал во правец Атина-Вилнус, по што тие со часови го држеле тој авион на аеродромот во Минск, бројни авиокомпании и држави се одлучија да го заобиколат воздушниот простор на Белорусија во широк лак.

Веб-страницата за следење на воздушниот сообраќај „Flightradar24“ јасно покажува дека овие денови авионите летаат над територијата на Белорусија многу поретко.

Потегот на белоруските власти, кои се обвинети за „киднапирање авион“ и „државна пиратерија“, го предизвика гневот на Западот.

Европската унија на синоќешниот самит донесе одлука за воведување нови санкции кон Белорусија и, меѓу другото, ги повика авиокомпаниите од земјите на ЕУ да избегнуваат летање над Белорусија.

Советот на ЕУ исто така беше повикан да донесе мерки за забрана на белоруски авиокомпании да летаат над воздушниот простор и пристап до аеродромите на Европската унија.

Во меѓувреме, Велика Британија, Франција, Холандија и некои авиокомпании веќе ги усвоија овие мерки против Белорусија.

Пресретнување, па неколкучасовно задржување на авионот

Објавен е и временски курс што покажува што се случило со авионот на „Рајанер“ на летот FR4978.

Авионот полетал од аеродромот во Атина во 07.29 часот.

Во 09.46 часот започна свртувањето кон Минск, бидејќи ловецот МиГ-29 го пресретна авионот и му порачал да го стори тоа.

Авионот слетал во Минск во 10.16 часот.

По седум и пол часа задржување на патниците, кои беа пребарувани од припадници на белоруските безбедносни сили со кучиња трагачи, авионот полетал од аеродромот во Минск во 17.47 часот.

Во 18.26 часот слета во Вилнус.

Слични содржини