Обложувалниците отворени, ова е победникот на Евровизија

Иако се уште не се познати натпреварувачите од сите земји кои ќе учествуваат на овогодинешната Евровизија, обложувалниците се веќе отворени и започна обложувањето на победникот на 65. по ред натпреварување. Како и секога година, сајтот eurovisionworld.com ги собира квотите од обложувалниците.

Моментален фаворит за победникот на Евровизија е Литванија, земја која никогаш не остварила значаен резултат на ова натпреварување.

Земјата во Ротердам ќе биде претставена од бендот The Roop, а ќе ја изведат песната „On Fire“ која на официјалниот канал на Евросонг има повеќе од 2 милиона прегледи.

Второто место, според обложувалниците, е романската пејачка Роксен, кој доби 10отсто шанса иако се уште не се знае која песна ќе ја пее. На националното натпреварување, пејачката ќе испее пет песни, а гледачите ќе ја изберат најдобрата.

Слични содржини