Обожавате миризливи свеќи? Размислете уште еднаш за штетните последици

од desk4

Миризливите свеќи, како и другите освежувачи за воздух и миризливите стапчиња, можеби ни изгледаат како добро решение за во домот да имаме пријатна арома.

Но, дали сте помислиле дека секогаш кога палите свеќа или стапче или прскате освежувач од спреј, во воздухот се шират опасни хемикалии кои ги вдишуваме, а со тоа и ги внесуваме во крвотокот.

Pixabay

Од еднаш сигурно нема голема штета, но ако тоа постојано го правите, со текот на времето ќе забележите дека почесто кашлате, грлото е суво, а во најлош случај може да се случат белодробни опструкции. Всушност, внесувањето на овие хемикалии во дишниот систем е еквивалентно на пушењето цигари.

Природните ароми се помалку трајни од вештачките, но и многу поскапи, па затоа и поретко може да се најдат на пазарот. Но, имајте на ум дека вештачките мириси содржат формалдехиди, кои со горењето се претвораат во штетни испарувања.

Лекарите предупредуваат дека со континуирано користење ароматизирани освежувачи на воздух, може да се предизвикаат нарушувања на ендокринолошкиот систем, но и мигренозни главоболки.

Просторот каде престојуваме треба да биде богат со кислород и свеж воздух, а тоа е многу поважно од тоа како внатре мириса.

За на природен начин да го освежите просторот, можете да измешате исушена кора од цитрусни овошја со зачини како цимет и ѓумбир и смесата да ја претурите во тегла, која ќе ја чувате во собата каде сакате да ароматизирате.

Слични содржини