Обрадовиќ се врати, а Партизан веќе фрли „трансфер бомба“ на пазарот

од Stefanija Kuzmanovska

Екипата на Партизан (Белград) го направи еден од најсилните трансфери ова лето. Новиот тим на легендарниот тренер Жељко Обрадовиќ, кој и оваа година ќе се натпреварува во Еврокупот, го привлече водечкиот стрелец на Олимпија (Милано) Кевин Пантер. Зделката е најскапа за Американецот во историјата на српската кошарка – 3 милиони евра во следните две години.

Доаѓањето на Жељко и трансферот на Пантер сугерираат дека Партизан се стреми кон титулите во Еврокупот и Јадранската лига оваа сезона, што пак ќе отклучи место во Евролигата за „гробарите“. 28-годишниот бек е првото ново засилување на белградскиот гигант.

Минатата сезона Пантер стана водечки стрелец на Олимпија со просек од 14,3 поени на најсилниот европски клупски турнир. Ова ќе биде втор период на американскиот кошаркар во Белград, откако тој ја помина сезоната 2019/20 со Црвена звезда.

Слични содржини