Очите се огледало на душата, нивната боја го открива карактерот

Залудно не се вели дека очите се огледало на душата. Во нив може да се „прочитаат“ емоциите, тага, среќа, загриженост.. Но исто така, од очите може да се види и каков карактер има човекот и тоа по нивната боја.

Сини очи

За луѓето со сини очи се смета дека се склони кон долги врски, фамилијарен живот и се добри пријатели на кој можеш да се потпреш. Шармантни се, спонтани, чувствителни и имаат добра моќ на забележување работи.

Зелени очи

Вакви очи најчесто имаат креативците. Луѓето со зелени очи се многу енергични, интелигентни, зборлести, сакаат предизвици, но знаат да бидат и одбаздољубиви доколку некој ги повреди. Кога ќе зацртаат одредена цел сакаат да ја остварат без оглед на се. Многу се заводливи и страсни.

Кафени очи

Оваа боја на очи ги карактеризира луѓето со борбен дух кои во се сакаат да бидат најдобри. Доста се темпераментни, сакаат промени и токму поради тоа се склони кон кратки врски. Знаат да бидат големи заведувачи. Кога се лути, подобро е да бегате од нив. Мирни се и пристојни додека се е како што сакаат тие.

Црни очи

Всушност станува збор за многу темна нијанса на кафени очи, а оние кои ги имаат се многу посветени љубовници и пријатели. Знаат да бидат нестрпливи и тврдоглави. Понекогаш се свесни дека направиле грешка, но нема да признаат. Сакаат да бидат најдобри во се и многу тешко се заљубуваат, но кога ќе дојде до тоа тие се многу нежни и внимателни кон партнерот.

Сивкасти очи

Вакви очи имаат родените водачи. Нив ги краси позитивен поглед на животот и склоност на решавање на туѓите проблеми. Испуштаат мирна енергија па луѓето сакаат да бидат во нивна близина. Не поднесуваат досада и стереотипи. Доминантни се, знаат да чуваат тајни и се прилаодливи. Кога ќе се заљубат, потполно му се посветуваат на партнерот.

Слични содржини