Од денес забрана за движење во шуми – оние што ќе ја прекршат ќе платат казна од 1 500 до 2 000 евра

од Nikola Popovski

Владата, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги задолжи корисниците, односно стопанисувачите со државни шуми, согласно Законот за шумите, да прогласат забрана за движење во шумите, по добиена претходна согласност од надлежното министерство, што ќе се операционализира од денеска, 17 јули 2023 година (понеделник).

Забраната важи и за движења во националните заштитени подрачја Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер.

На подрачјето на Водно каде нема забрана за движење, се предвидени редовни контролa, известуваат од Владата.

Забраната се воведува поради зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор.

За непочитување на оваа забрана на физичките лица кои ќе бидат затекнати дека се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им биде изречена парична казна од 1 500 до 2 000 евра во денарска противвредност.

Слични содржини