Од компликации од коронавирус почина Вучиќ, пријателите се простуваат од познатиот водител и шоумен

од Берта Китинска

Утирнава почина познатиот водител, шоумен и пејач Драган Вучиќ.Неговиот син Мартин за неколку медиуми ја потврди веста дека неговиот татко починал од коронавирусот.

На Инфективната клиника Вучиќ, кој беше дијабетичар, бил цела недела, со висока температура и со по шеќер. Блиски на семејството велат дека  позитивна на вирусот е и е неговата сопруга Весна, која нема никакви симптоми.

Вучиќ е роден во 1955 година, а работеше како композитор, пејач и водител. Познат е во јавноста по бројните емисии и квизови како „Вашите пет минути“, „Среќни луѓе“, „Возење со Вуќиќ“ и други. Последен негов проект е „Гурмански приказни“, емисија која се снимаше низ повеќе земји на балканот со познати пејачи, актери, артисти.

Пријателите и познатите почнаа преку социјалните мрежи да се простуваат од музичарот и водител Драган
Вучиќ.

 

 

Слични содржини