Од почетокот на војната во Украина, загинале најмалку 12 новинари

од Stefanija Kuzmanovska

Во 2022 година, откако Русија започна војна против Украина, најмалку 12 новинари и медиумски работници се убиени, а 21 се повредени додека ги извршувале своите професионални должности, се вели во годишниот извештај за 2023 година на партнерските организации на Платформата на Советот на Европа за промовирање на заштитата на новинарите.

Како што беше наведено, војната се одвива во контекст на континуираната деградација на слободата на печатот низ Европа, со значително зголемување на бројот на притворени новинари.

Извештајот насловен „Војна во Европа и борбата за правото на известување“ ги истражува главните закани за слободата на медиумите во Европа и дава препораки до Советот на Европа, Европската унија и земјите-членки за активности за подобрување на ситуацијата.

Слични содржини