Од полноќ поевтини горива на бензиските пумпи

од Nikola Popovski

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,38% во однос на одлуката од 4.3.2024 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 84,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 76,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 75,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,267 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 44,019 ден/кг.

Од 12.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 44,019 (денари/килограм)

Слични содржини