Од понеделник во градинка со три дози вакцини ДиТеПер

од Nikola Popovski

Директорката на Државниот санитарен здравствен инспекторат, Рената Младеновска најави дека денеска ќе ѝ биде донесена новата одлука со дообјаснувањето од Комисијата за заразни болести, со што ќе се овозможи од понеделник во градинките да се примаат деца кои ја имаат комплетирано вакцинацијата со три дози против пертусис.

ДСЗИ неделава изврши стотина вонредни инспкциски надзори низ градинки во кои, како што рече, е утврдено дека се почитува решението за забрана за прием на целосно или делумно вакцинирани деца.

Најавија дека ќе продолжат со инспекциите и во наредниот период.

Комисијата за заразни болести вчера препорача децата кои примиле три дози на ди-те-пер вакцината да може да посетуваат градинка, но под услов да се ревакцинираат за шест месеци.

Слични содржини