Од потсмев до херој за Челси: „Бев подготвен“

од Stefanija Kuzmanovska

Резервниот голман на Челси, Кепа Арисабалага беше херој во освојувањето на Суперкупот на Европа, бидејќи влезе пред изведувањето на пеналите и одбрани два удари за трофејот.

Во претходните години, Арисабалага беше цел на критики и потсмев од јавноста, поради лошите игри откако беше платен 70 милиони евра.

Кепа влезе во игра во 119. минута, најпрво го одбрани ударот на Аиса Манди, а потоа и на Раул Албиола за конечен триумф на „сините“ во Белфаст.

„Бев подготвен бидејќи знаев дека тоа може да се случи “, изјави Арисабалага за британските медиуми.

Челси го освои Суперкупот на Европа совладувајќи го Виљареал на пенали.

Слични содржини