„Единствената средба за која знаеме е таа на Заев Мијалков, каде Заев му ветуваше слобода, за возврат бараше креирање на проблеми во ВМРО-ДПМНЕ“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ наизјавата нa Стефан Васев од СДСМ.

Според нив, ако СДСМ има нешто против меѓународната заедница и Шведска нека каже.

„Настанот во хотелот Мериот е организиран од страна на шведската фондација Јарл Халмарсон, која ја поддржува ВМРО-ДПМНЕ и помага при градење на кадри и политики, доколку СДСМ има проблем со тоа нека каже. СДСМ не треба да заборави дека Сашо Мијалков е таму каде што е заради притисокот на ВМРО, народот и меѓународната заедница. Да се прашуваше Зоран Заев, Сашо Мијалков се уште ќе беше на слобода и сега заедно ќе правеа вештачки кризи во ВМРО-ДПМНЕ, за да ја спасат фотелјата на Заев и да ја купат слободата на Мијалков.

Криминалот повеќе не поминува. Одговорност ќе има. Во СДСМ тоа го знаат и затоа се нервозни“, стои во партиската реакција.

Слични содржини