Одбраната на Тачи бара седниците во Хаг да бидат отворени за јавноста

од Stefanija Kuzmanovska

Адвокатот на Хашим Тачи, Грегори Кихо кој денеска е во Хаг, на почетокот на рочиштето во постапката против поранешните лидери на ОВК, побара седниците да бидат отворени за јавноста.

Кихо рече дека процесот треба да биде јавен за да се дознае вистината, но изрази загриженост за методите кои ги користи Канцеларијата на специјализираното обвинителство (КСТ), пренесува „Репортери“.

Тој наведе дека обвинителството има можност кога сака да излезе и да влезе на затворена седница и дека за нив е тешко, како за одбрана, да преминат од едно прашање во друго.

Слични содржини