Одложен натпреварот Вардар 1961 – Елверум во ЛШ

од Vladimir Zorba

Натпреварот од 2 коло од ЕХФ лигата на шампионите меѓу Вардар 1961 и Елверум што требаше да се одигра на 24 септември 2020 година во Скопје е одложен, соопштија од скопскиот тим.

Поради рестрикциите од страна на Норвешка поврзани со патувањето на тимот на Елверум во Скопје, и потоа задолжителното задржување во карантин по враќањето во земјата е причина за одложување на натпреварот.

Во писмото од ЕХФ до клубовите се вели дека и претходно целта на ЕХФ била да нема долго задржување на екипите во карантин, особено не во ЕХФ лигата на шампионите каде сезоната во групната фаза треба да трае до крајот на февруари 2021 година.

ЕХФ ќе остане во контакт со клубовите и ќе работи на дефинирање на нов датум на одржување на средбата,додаваат од „црвено-црниот табор“.

Слични содржини