Одлука на Владата за основање државен студентски дом во Тетово

од Radmila Tasevska

На предлог на Министерството за образование и наука, Владата на денешната седница донесе одлука за основање Државен студентски дом „Тетово“ во Тетово кој ќе има капацитет од 300 легла.

Како што информира владината прес-служба, потребниот кадар, опрема и други услови за работа на новиот студентски дом во Тетово се предвидени согласно со нормативите и стандардите за опрема, простор и кадар за студентските домови.

-Целта на основањето на студентскиот дом во Тетово, според образложението од ресорното министерство, е остварување на интересите и потребите за престој на студентите кои студираат надвор од местото на живеење, наведува прес-службата на Владата.

Слични содржини