Одлуката за членување на Божиновска и Керим во Советот на Османи е неоправдана, вели Шекеринска

од Nikola Popovski

„Одлуката Валентина Божиновска и Срѓан Керим да бидат дел од Стратегискиот совет на министерот Османи не беше владина одлука и не сакам да ја бранам, но сметам дека е неоправдана“, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска за емисијата „Само интервју“.

Таа смета дека треба да бидат опкружани само со луѓе кои се политички блиски до нив.

„Верувам во тоа дека за стратешки развој на оваа држава, ние мора да обезбедиме пристоен разговор и доверба меѓу клучните политички фактори, како што е и најголемата опозициска партија. И кај нив има луѓе со искуство во надворешната политика“, истакна Шекеринска.

Меѓу имињата кои се дел од ова тело, а беа наведени се и Марјан Ѓуровски, Нано Ружин, Денко Малевски, Ивана Туфегџиќ, Лазар Еленовски, Живко Мукаетов, Виктор Габер.

Слични содржини