Одреден притвор за 17 осомничени за бомбашкиот напад во Истанбул

од Stefanija Kuzmanovska

Турскиот суд нареди притвор на 17 осомничени во врска со бомбашкиот напад во Истанбул во неделата, обвинувајќи ги за напад врз националното единство, убиство со умисла и обид за убиство, јави денеска турската државна агенција „Анадолија“.

Судот ослободи уште тројца осомничени од притвор до почетокот на судењето, а исто така нареди од Турција да се депортираат 29 лица уапсени од полицијата во врска со нападот во Истанбул, пренесе АП.

Обвинителите поминаа околу пет часа на испитување на главната осомничена за нападот, Ахлам Албашир, Сиријка обвинета дека ја оставила бомбата полна со ТНТ на авенијата Истиклал, при што таа призна дека оставила торба со експлозивна направа на улична клупа, но тврдеше дека не знаела што има во неа.

Слични содржини