Официјално: Милан и Стефано Пиоли се разделија

од Vladimir Zorba

Тренерот на Милан – Стефано Пиоли ја напушта функцијата. Веста официјално ја потврдија од раководството на италијанскиот гигант. 58-годишниот Пиоли помина пет сезони на кормилото на „росонерите“, водејќи го тимот до титулата во Серија „А“ во 2022 година.

Договорот на стручњакот, кој истекува во летото 2025 година, ќе биде раскинат со меѓусебен договор.

Во оваа сезона Милан беше многу далеку од битката за првото место. На едно коло пред крајот, Милан е втор во поредокот, заостанувајќи дури 19 бода од градскиот ривал Интер.

„Црвено-црните“ ги загубија двата меча од Интер, првиот со 1:5, испаднаа во групната фаза од Лигата на шампионите, а потоа во Лигата на Европа беа елиминирани во четвртфиналето од Рома.

Слични содржини