Официјално: Варан во Манчестер Јунајтед

од Stefanija Kuzmanovska

Манчестер Јунајтед официјално објави големо засилување. Францускиот фудбалер Рафаел Варан пристигна на „Олд Трафорд“ од Реал Мадрид.

Англискиот клуб ќе плати 46 милиони евра за трансфер во Реал, доколку Варан исполни одредени бонуси.

Варан освои се што можеше да се освои со „принцовите“, па реши да направи нов предизвик во кариерата и да ја исполни својата стара желба да се испроба во Премиер лигата.

Пред Реал, тој играше за Ленс.

Имаше и многу успеси со репрезентацијата на Франција, бидејќи пред три години беше светски шампион во Русија.

Слични содржини