Ограбена кралицата Елизабета Втора од лице кое работело во палатата

од Stefanija Kuzmanovska

Вработен во Бакингемската палата беше осуден на осум месеци затвор откако украл десетици медали, потпишани фотографии и други вредни предмети од лондонскиот дворец каде живее британската кралица Елизабета Втора.

Уапсениот 37-годишник ја признал кражбата, објави во понеделникот новинската агенција Press Association.

За време на претресот, полицијата во неговиот стан во палатата открила голем број украдени предмети.

Тој на eBay продал некои украдени предмети под нивната вистинска вредност, а меѓу нив имало и два многу вредни медали и албум со фотографии направени за време на свечениот ручек одржан за време на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Велика Британија.

Мажот работел во палатата како еден од членовите на послугата од 2015 година.

Press Association пишува дека експерти и познавачи на вредноста на украдените предмети велат дека штетата се проценува на помеѓу 10.000 и 100.000 фунти.

Слични содржини