Огромна победа и успех, рече Ковачевски за одлуката на Судот во Стразбур

од Nikola Popovski
138 прегледи

Огромна победа и огромен успех на нашата држава, вака премиерот Димитар Ковачевски ја оцени денешната одлука на Судот во Стразбур и отфрлената тужба против С. Македонија.

Според Ковачевски, македонскиот тим даде се од себе и издвојува победа во исклучително комплексен случај.

-Со одлуката на Судот во Стразбур која е во корист на државата, жалбите на апликантите во целост се прогласени за недозволени, вклучително и во делот за наводните помилувања. Ова е победа и на државата и на правдата и на правосудниот систем. Со одлуката, Судот смета дека жалбите на апликантите  се недозволени во принцип поради неискористување на домашните правни лекови, додаде премиерот како одговор на новинарско прашање при отворањето на градинка во скопско Волково.

Европскиот суд за човекови права во Стразбур (ЕСЧП) денеска соопшти дека ги отфрла жалбите на дел од обвинетите и осудените лица од предметите што ги отвори поранешното Специјалното јавно обвинителство (СЈО), а кои поранешниот претседател Ѓорге Иванов ги помилува.

Слични содржини