Охридскиот градоначалник се сретна со евроамбасадорот Гир: Природното и културното наследство имаат универазална вредност

Амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир денес беше во посета на Охрид и оствари средба со градоначалникот, Константин Георгиески.

Во таа насока, по средбата на својот фејсбук профил се огласи градоначалникот на Охрид.

„Ми претставува огромна чест што нашите заложби како локална и централна власт во делот на исполнување на препораките на УНЕСКО и зачувување на природното и културното наследство на Охридскиот регион, добија силна поддршка од амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Дејвид Гир.
Природното и културното наследство имаат универазална вредност за сите нас и ќе вложиме максимални напори за негова заштита со цел да го сочуваме за идните генерации“, посочи Георгиески.

Слични содржини