ОЈО поднесе обвинителен акт против шест лица кои приложиле лажни ПЦР тестови на „Меѓународниот аеродром“ – Скопје

Лажни потврди за негативни ПЦР тестови, на „Меѓународниот аеродром“ во Скопје, покажале четворица македонски државјани, но и по еден државјанин на Швајцарија, односно Велика Британија.

Од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија информираат дека при излез од државава, во одделни кривично-правни настани, обвинетите, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, прикажувале лажни потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот, кои наводно биле издадени од лаборатории во Скопје.

Потврдите, како што стои во соопштението, како вистински ги прикажувале пред овластените службени лица, иако знаеле дека воопшто не се тестирале во наведените лаборатории.​

 

Слични содржини