ОМО Илинден-Пирин: Никола Вапцаров е погодна личност за зближување на двата соседни народи

од Nikola Popovski

Ако нешто несомнено стана јасно од декларацијата на Советот на општина Благоевград против отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, тоа е дека во него има најмалку четворица достојни советници: Милена Бунцева, Мехмед Ваклиев, Исмет Узунов, Љубомира Хамбарџијска. Ова се оние кои се воздржаа од срамната декларација. 12 беа отсутни, можеби не сакаа да учествуваат во овој националистички циркус. 29 (т.е. 64%) се понижиле себеси и Благоевград гласајќи „за“. А уште посрамно е што тоа го направија мотивирани „како Бугари“, со што го понижуваат бугарскиот народ, велат од партијата на Македонци во Бугарија, ОМО-Илинден Пирин, после контроверзната одлука на Советот на Општина Благоевград да се забрани отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“.

Од таму велат дека македонската нација, спротивно на лагите во кои се обучени да веруваат општинските советници, постоела многу пред 1944 година, а истото важи и за оној дел од македонскиот народ кој живее како малцинство во границите на Бугарија.

-Еден од нив беше Никола Вапцаров, чија македонска самосвест е многу добро документирана во неговото пишано наследство, таа за него е нешто свое, а не „туѓо“. Имено, како македонски патриот и како поет кој пишува на бугарски јазик, тој е погодна личност за зближување на двата соседни народи. Вистината не е „навреда“ освен ако не сте лажго, стои во соопштението од партијата.

-Во Бугарија стана навика куци и осакатени институции да ги присвојуваат правата што ги немаат со закон, а да изразуваат дали има или нема македонска нација и малцинство. Советот на општината не е надлежен за такви работи. Немаат право да зборуваат за вакви прашања, се вели во реакцијата.

Се додава и дека ова е тажниот плод на 60-годишната асимилација, дискриминација и пропаганда врз Македонците.

-Изјаснувањето на Советот на општината не само што е надвор од неговите овластувања, туку е и сосема непотребно – само желбата на дел од советниците да ја искористат насобраната антимакедонска злоба за политички цели, како и кукавичлукот на другите, за да не мислам во Софија дека не се се целосно Бугари и можеби сочувствуваат со отворањето на клубот – можат да објаснат таква налудничава и срамна декларација за цивилизирано општество, велат меѓу другото од ОМО Илинден-Пирин.

Слични содржини