Опожарена куќа во Куманово

од Stefanija Kuzmanovska

Пожар зафатил куќа во кумановската населба „Карпош” вчера, соопштија денеска од Регионален центар за управување со кризи.

Како што се наведува во дневниот билтен на Центарот, пожарот го гаселе шестмина пожарникари со две противпожарни возила.

Причината за избувнување на пожарот, како и висината на материјалната штета засега не се познати.

Слични содржини