Опозиционерот Гуаидо се самопрогласи за претседател на Венецуела

од Vladimir Zorba

Претседателот на венецуелскиот Парламент Хуан Гуаидо се прогласи за привремен претседател на државата и положи заклетва.

– Официјално се заколнувам дека ќе ја извршувам функцијата претседател на Венецуела, нагласи Гуаидо на митинг на опозицијата во Каракас.

Гуаидо (35) потенцира дека земјата живее во диктатура и вети дека „официјално ќе ги преземе овластувањата на националната извршна власт како претседател на Венецуела”.

Во Каракас илјадници луѓе излегоа денеска на улиците за да бараат отстранување на владата на сцијалистот Николас Мадуро. Гуаидо е претседател на Парламентот во кој опозицијата има мнозинство. Тој најави и одржување избори.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го признава Гуаидо за претседател на Венецуела.

Слични содржини