Општина Центар активираше екипи за распрскување емулзиона течност со цел да не замрзнат улиците

Екипите на општина Центар во текот на изминатиот ден, со специјални возила распрскуваа емулзиона течност низ улиците во Општината, со цел да не замрзнат истите.

Од општината велат дека акцијата за распрскување на улиците е извршена во и околу населбата Водно, населбата Кале и сите потешко пристапни улици во Центар, во пресрет на предупредувањата на УХМР за евентуални врнежи на снег.

Нанесувањето на емулзионата течност, активност која што Општина Центар ја спроведува секоја година, делува превентивно, не дозволува замрзнување на асфалтот при врнежи на снег и на граѓаните им овозможува нормално и непречено движење и одвивање на сообраќајот при зимски услови.

За оваа активност, информираше и градоначалникот, Саша Богдановиќ на својот фејсбук профил.

Спремни да ги дочекаме првите врнежи од снег.
Наши екипи изминатото деноноќие со специјални возила распрскуваа емулзиона течност против замрзнување на улиците во Општина Центар.
 Течноста се нанесува на улиците во и околу населбата Водно, населбата Кале и на сите потешко пристапни места, делува превентивно, не дозволува замрзнување на асфалтот и овозможува непречено движење и одвивање на сообраќајот во зимски услови.
Нанесувањето е по целата должина на улиците и оваа активност е само дел од мерките подготвени од општината за полесно справување со зимската сезона.

 

Слични содржини