Орбан: Во Брисел во тек подготовки за влез на Европа во војна

од Vladimir Zorba

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека во Брисел се водат подготовки за влез на Европа во војна и додаде дека е неопходно зајакнување на одбранбените капацитети на Унгарија.

Орбан изјави за радио „Косут“ дека „има некои алармантни сличности меѓу сегашното време и времето кога се подготвуваа за првата и втората светска војна“, пренесува агенцијата МТИ.

„Она што денес се случува во Брисел и Вашингтон, или во моментов повеќе во Брисел отколку во Вашингтон, создава атмосфера за можен воен конфликт, што би можеле да го опишеме како подготовка за влез на Европа во војна“, рече унгарскиот премиер.

Слични содржини