Орландо Блум го продава својот ергенски дом за 9 милиони долари

од Vladimir Zorba

Британскиот актер Орландо Блум, кој неодамна се вери со американската пејачка Кети Пери, го продаде својот ергенски дом во САД.

42-годишниот актер понудил да го продаде својот луксузен замок во Беверли Хилс за речиси 9 милиони долари, објави „Контактмјузик“.

Блум го купи имотот пред помалку од две години за 7 милиони долари. Претходниот сопственик, мексиканскиот архитект Михел Анхел Арахонес, го редизајниа ранчот во луксузна резиденција која личи на бутик хотел во Мајами Бич. Куќата располага со четири спални, четири бањи, базен, спа.

Од објавата не е јасно дали Орландо Блум планира да купи нов дом за да се всели со својата идна сопруга или двојката ќе избере еден од домовите на Кети во Лос Анџелес.

Слични содржини