Снимањето на серијата Carnival Row во Дубровник е откажано поради пандемијата на коронавирусот, неофицијално пишуваат хрватските портали.

Втората сезона на фантастичната серија на Амазон беше најавена при крајот на минатата година, а снимањето требаше за започне овој месец.

Главните ѕвезди на серијата Орландо Блум и Кара Делавињ требаше да пристигнат во Дубровник, но се чини дека тоа нема да се случи, барем не сега.

Серијата Carnival Row е сместена во викторијанскиот период помешан со магија. Кара глуми вила, а Орландо детектив. Тие двајца заедно истражуваат низа убиства.

Слични содржини