Османи: Опцијата е јуни или декември, целта е јасна – нашите деца да бидат во ЕУ

од Nikola Popovski

„Тоа што нас не штити во спорот се принципите и тоа европските и мислам таа е нашата најсилна страна и се обидуваме тие да ги аргументираме пред Бугарија“, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи за емисијата „24 анализа“.

Според него, едни од тие принципи се правдата, демократските вредности, цивилизациските.

„Интересот за новите генерации да бидат дел од Унијата е поголем од фрустрациите што ги има нашата генерација во обидот да ја внесеме државата во Еу. Јасни ни е целта, нашите деца да бидат во ЕУ е поголем од тоа што сега го чувствуваат како фрустрација“, додава Османи.

Тој смета дека јуни е опцијата или повеќе би рекол декември отколку август и септември, затоа што ќе имаат изборни кампањи.

„Во анализите, јуни ми изгледа како подобра можност, но за жал, тоа што се случи во Бугатија да нема влада го искомпликува тој прозорец на можности“, потенцира министерот.

Слични содржини