Османи: Шест месеци е предолг период, треба да седнеме со Петков и да разговараме

од Берта Китинска

Министерот за надворешни работи, Бујар Османиво емисијата 24 анализа истакна дека одлуките за проширување се носат со консензус.

Нашата позиција е принципиелна и многу земји членки ја поддржуваат. Бугарија има право на вето. Во оснос на ставот на новиот премиер Петков, Османи вели дека е спорна временската рамка.

– Шест месеци е предолг период во контекст во кој се наоѓа регионот. Има многу отворени прашања. Сметам дека тој период нас не ни одговара. Треба да седнеме со Петков и да разговараме што значи тој период. Таквиот пристап требаше да биде одамна. Првата меѓувладина конференција не е ништо поразлична од останатите. Немаше потреба целиот регион да се држи во заложништво, рече Османи.

Османи истакна дека проблем ни е усвојувањето на преговарачката рамка, зошто Бугарија оспорува неколку моменти во самата преговарачка рамка.

– Повеќе волја беше на Словенија да наметне динамика. Таа сакаше дури и 2030 да ја наметне како временска рамка за членство на земјите од Западен Балкан. Немањето на некакви одредници создава анксиозност и непредвидливост во процесот. Рокот беше обид за наметнување на динамика, а прашањето е што Бугарија побара време. Реченицата до крајот на годината беше обид за притисок на двете страни да се најде решение до крајот на декември. Словенечнкото претседателство сака во нејзино претседателство да има одреден резултат. Треба да продолжиме  со тензија на кратки рокови. Нашето досие е целосно подготвено и имаме право да првиме притисок врз ЕУ и Бугарија, рече Османи.

Слични содржини