Османи за Бугарите во Уставот: Зошто би имале двојни стандарди кон овие граѓани?

од Nikola Popovski

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи не гледа никаков проблем во внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав.

-Имаме барања од хрватската заедница и црногорската заедница од претходно и сега последно барање од Бугарите во Македонија. Не знам зошто би имале двојни стандарди по однос на граѓаните со бугарска етничка определба, кои што јасно кажуваат дека имаат една мала малцинска заедница овде која што е различна од сите други етнички заедници, рече Османи во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

Според него, овие чести контакти и разговори и падови и успеси значат дека не се изгубена година во преговорите.

-Предуслов за компромис е доколку критичките точки не ви се исти. Доколку се истите позиции, тешко ќе дојдеме до компромис. Мислам дека има простор за да се запазат двете позиции, без да се компромитира нашата позиција. Се надевам дека ќе можеме. Нема да има компромис за критичките прашања за нас, повтори уште еднаш македонскиот шеф на дипломатијата.

Слични содржини