Основци од Тетово подготвиле список со закани кон соученици

од Nikola Popovski

Двајца основци од Тетово направиле список со имиња на ученици и закани и го оставиле во тоалетот каде што одат на настава. Станува збор за ученици во основно училиште во градот.

-На 10 мај, во присуство на нивните родители, психолог и педагог, извршен е службен разговор со 11-годишна малолетничка и 11-годишен малолетник, постапувајќи по претходна пријава во СВР Тетово дека во тоалет во основното училиште каде учат оставиле лист хартија со имиња на ученици и закани кон нив, информираат од МВР.

Известен е Центарот за социјални работи и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини