Осомничениот за напад со нож врз деца во Франција префрлен во истражниот затвор на Анеси

од Stefanija Kuzmanovska

Осомничениот за нападот со нож врз деца и постари лица во градот Анеси на француските Алпи е префрлен во истражен затвор  каде што ќе биде задржан во очекување на обвинението за обид за убиство и нелегална употреба на оружје.

Напаѓачот Абдалмасих Х, државјанин на Сирија кој 10 години живее во Шведска со статус на бегалец, оженет и има едно дете, „не сакал да зборува“ пред истражните судии, потврдија од јавното обвинителство во Анеси, пренесе порталот БФМТВ.

Осомничениот напаѓач двапати бил прегледан во полициски притвор од специјалист невропсихијатар, кој оценил дека неговата здравствена состојба „е во согласност со полицискиот притвор“.

Слични содржини