Остин повторно примен во болница, овластувањата ги пренел на заменикот

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин вчера повторно беше примен во болница и повторно му ги пренесе функциите на својот заменик, соопшти Пентагон.

Остин, кому му беше дијагностициран рак на простата и неодамна имаше операција, го криеше своето прво патување во болница во декември, кое наиде на многу критики, за што се извини.

Тој бил пренесен во воената болница „Волтер Рид“ во предградието на Вашингтон, изјави портпаролот Пет Рајдер.

Рајдер наведе дека вчера околу 17 часот по локално време министерот Остин ги префрлил своите должности на асистентката Кетлин Хикс, која сега ги презема должностите на Остин.

Пентагон подоцна објави дека Остин бил примен на интензивна нега.

Портпаролот рече дека Остин сè уште се лекува и дека Белата куќа и Конгресот се известени.

Неколку часа претходно, Пентагон објави дека Остин отишол во болница со потребните класифицирани и некласифицирани комуникациски системи за да ги извршува своите должности.

Слични содржини