Откажани 700 појдовни летови: Штрајк на работниците на безбедносните контролни во Германија

од Stefanija Kuzmanovska

Сите полетувања од четири аеродроми во Германија ќе бидат откажани денеска и утре, поради штрајкот на работниците на безбедносните контролни, на кој повика синдикатот Верди, а со последиците од прекинот ќе се соочат најмалку 100.000 луѓе.

Според германското аеродромско здружение АДВ, околу 700 појдовни летови ќе бидат откажани поради штрајкови на аеродромите во Дизелдорф, Хамбург и Келн/Бон, пренесува „Ројтерс“.

Слетувањето на аеродромот сепак ќе биде можно, но се очекува летовите да доцнат или да бидат откажани.

Слични содржини