Откажани сите полетувања на аеродромот во Берлин

од Stefanija Kuzmanovska

На аеродромот во Берлин денеска се откажани сите полетувања, како и голем број дојдовни летови, поради еднодневен штрајк на безбедносните службеници.

Берлинскиот аеродром Бранденбург во саботата објави дека летовите се откажани поради штрајкот свикан од синдикатот Верди, кој се обидува да изврши дополнителен притисок во преговорите за зголемување на платите, објави „Ројтерс“.

Портпаролот на аеродромот рече дека околу 240 летови биле предвидени за денеска.

Слични содржини