Откриено како Анџелина Џоли го завела Бред Пит

од Stefanija Kuzmanovska

Светот своевремено беше шокиран кога се прочу дека актерот Бред Пит, кој тогаш беше оженет со познатата Џенифер Анистон, е во врска со својата колешка Анџелина Џоли, а дури 15 години подоцна, од американските медиуми, дознаваме како се започнало.

Одамна е добро познато дека Бред и Анџелина се за вљубија за време на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“. Иако првично тврдеа дека за време на снимањето и додека Бред беше оженет со Џенифер Анистон, дека се само пријатели, во првото големо интервју за нивната врска, Анџелина рече дека нивните деца ќе можат да гледаат филм што е снимен додека нивните родителите се вљубувале.

Сепак, како започна сето тоа?

Според американските медиуми, поранешниот телохранител на Анџелина, Марк Бехар, неодамна изјавил дека хемијата помеѓу актерите на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“ била неверојатна и открил некои зачудувачки детали.

Како што тој откри, неколку пати ги „начекувал“ во приколките како се галат и флертуваат, а од самиот почеток било јасно што се случува меѓу нив.

„Us Weekly“ пишува дека другите очевидци се согласуваат со Бехар и дека Џоли наводно имала добро развиена тактика за заведување на Бред. Наводно носела долна облека во боја на кожа за време на љубовна сцена, која изненадно ја соблекла.

„На крајот, таа го фрли костумот и скокна во кревет со него гола“, изјавил за магазинот извор од снимањето во 2005 година.

„Тоа е нешто по што го памтам тој филм“.

Бред, очигледно немислејќи премногу на сопругата, уживал во сè. Инаку, американските медиуми еднаш напишаа дека актерот се согласил да игра во продукцијата на „Господин и госпоѓа Смит“ дури откако дознал дека негова партнерка ќе биде Анџелина Џоли.

Веднаш по снимањето на филмот, Бред се разведе од Џенифер Анистон и беше со Анџелина до 2016 година. Актерот го посвои синот Медокс, а потоа станаа родители уште пет пати.

Слични содржини