ОВА Е КРАЈОТ? Федерер го откажа учеството во Мајами, губи илјада поени

од Stefanija Kuzmanovska

По Новак Ѓоковиќ, и Роџер Федерер го откажа учеството на Мастерсот во Мајами, иако го пријави учеството на првиот мастерс во сезоната.

Швајцарецот се опоравува од операцијата на коленото. Тој тренираше полесно од октомври минатата година, но извештаите велат дека е далеку од враќање на терените.

Последниот натпревар го одигра пред повеќе од една година.

Федерер со тоа ќе изгуби 1000 поени, откако беше шампион на претходното издание што се одржа во 2019 година, бидејќи во 2020 година тоа натпреварување не беше ни одржано.

Слични содржини