„Ова е ужасно“: Мараја Кери критикувана по настапот на Денот на благодарноста (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Поп-пејачката Мараја Кери по нејзин настап доби многу критики на социјалните мрежи.

Самопрогласената „Кралица на Божиќот“ настапи на традиционалната парада за Денот на благодарноста што секоја година ја организира стоковната куќа Maci’s на улиците на Менхетен, а пејачката се појави во прекрасен розов фустан со чадор и го испеа својот божиќен хит All I Want For Christmas.

Корисниците на социјалните мрежи ја нападнаа дека пее на плејбек.

Обожавателите напишаа на социјалните мрежи дека Кери покажала страшна енергија додека стоела „како даска“ за време на настапот, а потоа ја критикувале дека ја отворала устата несинхронизирано со репродукцијата.

„Ќе помислите дека таа ќе ја усоврши синхронизацијата на усните со оваа песна откако ќе ја направи илјада пати. Ова е ужасно“, е еден од бројните негативни коментари.

Слични содржини