Актуелно
Почетна / (не)Секојдневно / Ова се најпроколнатите места во светот: Луѓето се ежат само од нивните приказни

Ова се најпроколнатите места во светот: Луѓето се ежат само од нивните приказни

Постојат бројни локации во светот кои на луѓето им предизвикуваат ежење на прв поглед, поради што некои од нив добиле епитет на проколнати места. Воглавном, тоа се напуштени места, што дополнително допринесува за нивниот застрашувачки изглед, но на приказните за некои од нив рамнодушни остануваат само најхрабрите.

Островот Роаноке во Северна Каролина

Група Англичани предводени од капетанот Џон Вајт го населиле островот во 1587 година. Вајт по некои време заминал по залихи во Англија, а на островот останала целата некова фамилија. Кога се вратил, таму немало никој и се било уништено. На едно дрво бил изрезбан зборот „Кроатоан“. До денеска, овој остров се смета за поколнат.

Островот Науру на југот од Тихиот Океан

Пред само 50 години овој мал островски народ бил најбогат на светот. Локалните жители тврда дека тие кои живееле овде ги продале своите земјишта поради загаденото опкружување предизвикано со ископувањето на фосфат. Веруваат дека боговите ги казниле нив и нивните потомци поради уништување на природните убавини. Денес Науру е една од најсиромашните земји на светот. За да опстанат, владата го изнајмува поголемиот дел од земјиштето на Австралија како простор за повремено сместување на избеглици и емигранти.

Дворецот Монтсегур на југот на Франција

Овој отфрлен замој, кој се наоѓа на самиот врв на карпа, меѓу локалните жители е познат под името „Синагога на Сатаната“. Во 12 век овој замок станал седиште на Катара, христијани кои Католичката црква ги прогласила за херетици. Тогашниот папа, заедно со останати католици, бил присутен за време на нивното истерување од замокот. После опсадата, која траела девет месеци, 200 Катари биле запалени, но непосредно пред нивната смрт го проколнале замокот.

Повеглиа – Италија

Луѓето кои живеат во близина на овој остров веруваат дека и денеска „зол човек кога ќе умре се буди во Повеглија“, на која и е доделен надимакот „Остров на смртта“ и која се наоѓа во близина на Венециј. Денеска таму живеат неколку винари со своите овци, а некогаш стотина семејства го населувале овој остров. Тие биле толку напредни што имале свои акони и биле независни од остатокот на државата, се додека не избила епидемија на чума, која ги усмртила повеќето жители. После тоа Повеглиа станала санаториум за оболени од лепра и ментални болести. Во 1968 била целосно напуштена а сега го носи името „најпроколнатото место на светот“. Островот е продаден во 2014 година на бизнисменот Луиџи Брогнар, кој сака да го обнови.

Тимбукту, град на северот на Мали

Во 2012 година екстремисти го нападнаа Тимбукту и оскрнавија гробови на светци и ја ранеле вратата на џамијата Сиди Јахја. Според легендата, отварањето на оваа врата, стара 600 години, носи до крај на светот. Отогаш, локалните жители укажуваат на хаосот кој владее насекаде во близина. Некои од нив тврдат дека градот бил под клетва, од пред стотина години, од времето на трговија со сол кога кружеле гласини дека неговите улици се поплочени со злато.

loading...