Оваа намирница е дефинитивно НАЈДОБРА во текот на летото и многу е ЗДРАВА!

од Stefanija Kuzmanovska

Јадењата кои не се готват се особено популарни за време на летната жештина. Кога температурата е висока, обично имаме намален апетит, а нутриционистите тврдат дека доматот е идеална намирница кога се наоѓаме во тропски околности.

„Особено кога температурите се високи, доматите мора да бидат на менито. Богати се со витамини А, Ц, Б3 и Б6. Богати се со магнезиум кој ги стимулира мускулите, а исто така се одлични и за срцето“, вели американскиот нутриционист Лора Манганиело и додава дека е најдобар во комбинација со маслиново масло. Друга предност на доматите е тоа што тие имаат малку калории. Една чаша сок од домати има само околу 60 калории, а исто така ќе добиете одлична количина на калциум, витамин Ц и железо.

Овие неверојатно едноставни рецепти за домати не бараат готвење и затоа се најдобра опција да поминете низ жешките денови без да стоите покрај шпоретот.

Сендвич со домати

Направете сендвич со домат и леб и додадете состојки по ваш избор, како што се сенф или авокадо.

Салати

Традиционална салата од домати може да биде уште повкусна ако додадете моцарела и босилек. Оставете ја вашата фантазија да си игра со вкусовите.

Сок од домати

Во исцедениот домат додадете билки. Ја стимулира работата на цревата и спречува појава на глад и желби за храна. Нутриционистите тврдат дека храната што има остар и кисел вкус има посилен ефект врз нашето чувство за вкус и нè тера да останеме сити подолго.

Слични содржини