Овчар пукал во кучиња, застрелал човек

од Nikola Popovski

Несреќен случај во кумановското с. Војник откако овчар погодил случаен минувач, соопштија од кумановската полиција.

-На 05.09.2022 во 21:18 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив со повреда бил донесен Ј.С. од Куманово. Како што пријавил тој, додека шетал бил погоден од овчар, кој со воздушна пушка пукал кон кучиња.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Слични содржини