Овие љубовни проблеми НЕ ТРЕБА да ги споделувате со другите

од Stefanija Kuzmanovska

Многумина од нас имаат потреба да им ги кажат сите свои проблеми на своите пријатели. Без оглед каква е природата на проблемот, ние се чувствуваме подобро кога им се доверуваме на оние кои најдобро не разбираат, а најчесто сепак зборуваме за љубовните проблеми.

Меѓутоа, многу експерти сметаат дека некои детали од врската сепак треба да останат меѓу партнерите и не треба да ги споделуваме со други.

Кавги со семејството на својот партнер

Сите понекогаш имаме поплака за однесувањето на свекрвата или јатрвата или некој друг член од семејството на партнерот, но тоа треба да го чуваме за себе. Природно е луѓето да заземат одбранбен став кога станува збор за нивното семејство и никогаш не можете да знаете дали коментарот што сте му го кажале на некому со доверба ќе допре до партнерот или семејството и ќе предизвика уште поголема кавга.

Сексуална фантазија на партнерот

Фантазиите треба да бидат тајни бидејќи тоа е најинтимниот дел од сексуалниот живот. На партнерите понекогаш им требаат години за да се поверат и очекуваат да остане ваша заедничка тајна, а не тема на дискусија.

Приватни информации

„Те молам, ова да остане меѓу нас“, е реченицата што не обврзува да чуваме тајни. Без оглед за што станува збор, ако нашиот партнер побара дискреција, тогаш ние сме должни да ја почитуваме неговата желба.

Лична непријатност

Информациите за лошиот здив или стапалата со непријатен мирис оставете ги за себе. Поточно, кажете му на вашиот партнер на учтив начин што ви пречи затоа што само тој треба да го слушне тоа, а не вашите пријатели.

Ова се проблеми што можат да се решат и нема потреба да се создаваат непријатни ситуации, особено ако станува збор за работи што го прават партнерот и онака да се чувствува несигурен.

Слични содржини