Овие седум знаци укажуваат на загрозено женско здравје

326 прегледи

Дали понекогаш чуствувате чешање или пецкање околу или во вашата вагина? Или можеби во текот на сексот имате необјаслиба болка или чуден мирис?

Сите овие се знаци дека нешто не е во ред со вашата вагина.

Чешање

Разни фактори влијаат врз ова: неадекватна долна облека, алергиска реакција на гелот за туширање, габична инфекција.

Доколку чешањето не се повлече за неколку дена, дури и кожата ви е црвена или отечена, мора да отидете на лекар.

Бели точки (како акни)

Ова никако не смеете да го игнорирате бидејќи може да биде показател на генитален херпес. Во тој случај никако не смеете да имате сексуални односи (ниту со заштита) туку што побргу јавете се на доктор.

Пецкање при мокрење

Ова може да биде знак на воспаление на бешиката. Доколу не се јавите на време на доктор за соодветна терапија, можете да имате хронични потешкотии.

Чуден мирис

Доколку мислите дека вагината има поинаков мирис, тоа би можело да биде знак на бактериска болест.

Таа болест би можела да биде предизивиката од предолго чување на тампонот, премногу туширање, пушење, па дури и сексуална активност.

Бел исцедок

Густ или редок, проѕирен или со млечна моја, белиот исцедок е вушност нормален. На тој начин телото само се чисти и го одржува нивото на pH- вредноста на вагината.

Меѓутоа, потребно е да внимавате: доколку исцедокот личи на свежо сирење, тогаш треба да се посоветувате со лекар.

Имено, можно е да имате габична инфекција, а тоа бара лекување.

Исто така, причината може да бидат и лекови, како антибиотици или лекови против болка, како и некои други болести или стрес.

Исцедокот е зелен или жолт? Можно е да се работи за кламидија – полово пренослива инфекција илигонореја – заразна полова болест. Во тој случај обавезно мора да одите на лекар.

Крварење

Доколку повремено крварите или откриете крв додека мокрите, веднаш одете на лекар.

Крварењето може да биде знак на хормонско пореметување, но може да биде предизвикано и земањето на контрацептивни таблети или менопауза.

Доколку забележите крварење после секс, тоа е знак на вирус или заболување на слузницата. Одете на гинеколог.

Сувост

Доколку вагината е сува, сексот може да биде болен.

Сувоста може да настане во менопауза, по пораѓај, поради хормонски дисбаланс или хемотерапија. Исто така, поради погрешен гел за туширање и различни лекови, како таблети против алергија, астма и грип.

Поразговарате со лекар за тоа. Можеби ќе ви помогне вагинална крема или лубрикант. Но, најпрво исклучете ги сите сериозни болести.

Слични содржини