Овој леб не треба да го јадат луѓето со висок холестерол

од Stefanija Kuzmanovska

Високиот холестерол може да биде фрустрирачки здравствен проблем со кој треба да се живее.

Затоа, диететичарите предупредуваат дека доколку не се грижиме за нивото на холестерол, тоа често може да доведе до затнување на артериите и до дополнителни срцеви компликации.

Затоа, важно е да се следи неговото ниво и да се јаде храна богата со хранливи материи кои се здрави за нашето срце, што може да помогне во одржување на нормално ниво на холестерол.

Според Eat This, многу е важно да се обрне внимание на мастите и јаглехидратите што ги внесуваме во нашите тела. Една од тие намирници е лебот.

Диететичарите велат дека најлошиот леб за луѓето со висок холестерол е обичниот бел леб. Кога јадеме едноставни јаглехидрати кои се без влакна, нашето тело ги разградува исто како шеќерот и како резултат на тоа се зголемува таканаречениот лош или ЛДЛ холестерол.

Конзумирањето рафинирани јаглехидрати како белиот леб може негативно да влијае на нашето здравје бидејќи предизвикува дополнително зголемување на холестеролот.

Слични содржини